Петкоски: Да му дадеме до знаење на светот дека Република Македонија е исконска земја која што цврсто и со длабока наклонетост стои пред своите корени
Вечерва, во преполната собраниска сала во Општина Прилеп, беше одржана трибина по повод 119 години од смртта на Гоце Делчев и 110 години од смртта на Пере Тошев. Имено, вечерва помеѓу другите на оваа трибина се обрати и Влатко Петкоски, човекот кој што е дел од онаа идеологија која што целосно е насочена кон зачувување на сето она што е наше – македонско, и за сето она за кое што нашите претци се бореле низ вековите, за да опстанат нашите вековни македонски корени. “Во ова време кога се навршуваат 110 години од загинувањето на Пере Тошев и 119 од загинувањето на Делчев, ние Македонците мораме секојдневно да зборуваме за нивниот живот, за делата на македонските револуционери и за нивната борба за независна Македонија се со цел повторно и повторно да му дадеме до знаење на светот дека Република Македонија е исконска земја која што цврсто и со длабока наклонетост стои пред своите корени, својот идентитет, својот јазик и своето свето име. Слава му!”-истакна Влатко Петкоски коj што помеѓу нашите сограѓани е познат како искрен човек и патриот, кој што си ја сака својата земја, и се бори за сето она што е наше-МАКЕДОНСКО.