Јовчески: Делото на овие македонски револуционери е од голема важност за слободната, суверена и независна македонска држава која денес ја имаме

Сподели го ова:
























Вечерва, во преполната собраниска сала во Општина Прилеп, беше одржана трибина по повод 119 години од смртта на Гоце Делчев и 110 години од смртта на Пере Тошев. Имено, вечерва помеѓу другите на оваа трибина се обрати и прилепскиот градоначалник Јовчески, при што истакна:

“Ми претставува особена чест што вечерва имав прилика да се обратам на трибината по повод 119 години од смртта на Гоце Делчев и 110 години од смртта на Пере Тошев, организирана од страна на Општина Прилеп. Во мојот говор истакнав дека делото на овие македонски револуционери е од голема важност за слободната, суверена и независна македонска држава која денес ја имаме. Сакам да им се заблагодарам на говорниците на оваа трибина кои низ своите говори ни го доловија сето она што Делчев и Тошев го направиле за Македонија, а исто така им се заблагодарувам и на сите гости кои со своето присуство ја збогатија оваа трибина”-истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави