Паричката оваа година падна во ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп

Сподели го ова:
















ВМРО-ДПМНЕ од секогаш важи за партија која што главен нагласок и акцент дава на верата, љубовта, надежта за едно подобро и едно поубаво утре. Тргнувајќи од сето ова, ВМРО-ДПМНЕ како партија од секогаш ги негувала обичаите, празниците и традицијата која што говори за нашето минато, корени и потекло. Така беше и овој пат, при што денеска Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп ја продолжи традицијата на вртење на бурек со паричка за празникот Василица, меѓутоа овој пат во едни поинакви услови, врз основа на пропишаните протоколи за заштита од Ковид 19. На средбата освен претседателката на Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Ирена Стерјовска и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп Дејан Проданоски кој што има голема доверба помеѓу прилепчани, присуствуваше и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески. На почетокот претседателката Стерјовска-Локвенец ги поздрави присутните при што истакна: “Во поинакви услови поради здравствените околности денес традицијата на бурек со паричка за празникот Василица Унија на жени ОК Прилеп ја реализиравме со кратко присусуство на членките, претседателот Дејан Проданоски и Градоначалникот Борче Јовчески. Паричката падна во парчето што беше одвоено за партијата ВМРО ДПМНЕ. Посакуваме среќна Православна Нова година, честит да е празникот Василица и нови успеси на ВМРО ДПМНЕ”-истакна Стерјовска.

Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 3 луѓе и внатре
Можно е да е слика од 6 луѓе и луѓе што стојат
Можно е да е слика од 5 луѓе и внатре







Сподели го ова:

Слични објави