| |

Марио Арангеловски со нов влог

Сподели го ова:
















Нема човек кој што не го знае младиот кумановец Марио Арангеловски. По професија е социолог, меѓутоа тргнувајќи од фактот дека уметноста и музиката е неговиот живот, Марио е вработен во културниот сектор во Општината Куманово. Неколку пати се натпреваруваше во реални шоуа во Бугарија и Македонија, а исто така беше дел и од “X Factor” и “Ѕвездите на Гранд”. Неговиот музички талент го наследува од неговиот сега веќе покоен дедо кој што бил музичар, а воедно и менаџер на позната кумановска музичка група. Инаку Марио во приватниот живот е млада, чесна, амбициозна личност која што сака да работи се што е поврзано со култура, уметност, музика и шоу бизнис. Моментално на музичката сцена е актуелен со неговиот најнов музички хит “Воли ме”, песна која што веќе 6 месеци континуирано се врти на домашните и српските радио станици. Марио Арангеловски е постојано активен на социјалните мрежи, а исто така самиот тој постојано снима и влогови за Јутуб, па ги известува што има ново неговите следбеници кои се навистина во голем број. Информативниот тим на моментално најактуелниот информативен портал “STANICA.MK” во прилог Ви го прикажува најновото видео, односно најновиот влог на Марио…Уживajте!







Сподели го ова:

Слични објави