|

Сашко Стојаноски-прилепски магионичар за секоја Ваша прослава

Сподели го ова:


Прилепчанецот Сашко Стојаноски е прилепски магионичар кој што преку својата подготвена магична програма ги забавува како децата така и возрасните на родендени, прослави, свечености…Како што истакна самиот тој, како магионичар се занимава 9 години, во својата магична програма има голем број на магични точки и трикови, па затоа самиот тој важи за еден од најбараните магионичари во нашата земја, и истиот постојано е ангажиран како на детски родендени и прослави, така и на манифестации и забави организирани од страна на повозрасната популација. Сашко екслкузивно за STANICA.MK истакнува дека во својата програма има магични точки како за постарите-така и за помладите. Кога настапува на детски родендени по игротеките низ нашата земја, самиот тој настапува со својата детска магична програма, меѓутоа кога е ангажиран за прослави и манифестации од страна на повозрасната публика, тогаш Сашко настапува со магични трикови наменети за повозрасната публика, трикови од кои никој не останува рамнодушен. Имено Сашко Стојаноски беше дел и од Магичната новогодишна претстава која што беше организирана од страна на “БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА”-Прилеп во НУЦК Марко Цепенков, каде што Стојаноски направи вистински детски театарски спектакл во Прилеп.

Доколку сакате и Вие да имате уникатен детски роденден, тогаш слободно може да се обратите кај Магионичарот Саше на 072-205-214 и на Вашето дете да му направите еден поинаков-уникатен ексклузивен роденден, роденден кој што на Вашето дете ќе му остане во длабоко убаво сеќавање.

,





Сподели го ова:

Слични објави