ЌЕ СЕ СПАСАТ ЛИ МАТУРАНТИТЕ ОД ПОЛАГАЊЕ НА МАТУРА?? Еве дали ќе се одложи државната матура
Државната матура ќе се спроведе во утврдените термини – на 27 мај и 10 јуни. Синдикатот на ДИЦ во текот на вчерашниот ден одлучи штрајкот за повисоки плати да го стави во мирување во интерес на матурантите.
–Како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, вработените во Државниот испитен центар одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина. Со ова известување штрајкот се става во мирување, соопштија од синдикатот на 29-те вработени во ДИЦ.