Оваа недела ни доаѓаат два, големи христијански празници посветени на св.Петар и св.Павле
Да, токму така! Оваа недела ни доаѓаат два, големи христијански празници посветени на св.Петар и св.Павле. Имено, на 12-ти јули е големиот православен празник посветен на св.Петар или кај народот попознат како “Петровден”, а ден покасно е “Павловден”, кој што секоја година се празнува на 13 јули.
Со доаѓањето на “Петровден”, завршува Петровденскиот пост за сите оние православни христијански верници кои што се водат според Јулијанскиот календар. Петровденскиот пост е во чест на светите апостоли Петар и Павле. Должината на Петровденскиот пост секогаш зависи од празникот Велигден, и истиот започнува од првата недела по Духовден. Некогаш во овој пост се пости шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.
