ДАЛИ Е ОВА “НАЈБРЗИОТ” МАКЕДОНЕЦ? Македонец во Хрватска нападнал полицајци – па им избегал, а овие за да го фатат го бркале по неколку улици

Сподели го ова:
















Македонец во Хрватска “фатен на дело” како кради, а исто така со чекан нападнал и полицајци. Четириесет и седум годишен македонски граѓанин нападнал полицајци со чекан при неговиот грабеж во Сплит на деловен простор, откако полицијата дошла по пријава на граѓанин-информираат хрватските медиуми.

Врз основа на објавата на „Слободна Далмација“, овој настан се случил во саботата околу 23 часот каде што полицаецот кој прв се доближил на местото на настанот, забележал дека вратата од деловниот простор е отворена и претпазливо се приближил, бидејќи се посомневал дека крадецот се уште е внатре. Во тој миг вратата ненадејно се отворала и се појавил македонскиот граѓанин држејќи чекан, кој се нафрлил кон полицаецот – удирајќи го во градите, а потоа побегнал.

Полициските службеници, продолжиле да трчаат по него и успеале да го стигнат, и тоа на неколку улици подалеку од “местото на настанот”, при што веднаш го уапсиле.



Сподели го ова:

Слични објави