ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ НА ПРИЛЕПСКИТЕ ДОМОВИ И ДВОРОВИ: Еко акција по повод Денот на пролетта – 21 март
Од утрово, комуналните работници ги поставија контејнерите од 5м3 на локациите предвидени за собирање на отпад кој неможе да се подигне со редовната линија за собирање на комунален отпад. Дополнително се обезбеди уште еден контејнер кој првично не беше предвиден и поставен е во населбата Ѓогдере, слободен простор помеѓу зградите.
Како што информиравме, контејнерите ќе бидат поставени на 20 и 21 март 2023 година
(понеделник и вторник). Граѓаните да ја искористат можноста и да се ослободат од различни видови на отпад како непотребни предмети, покуќнина, отпад од градини и др.
ЛОКАЦИИ КАДЕ ЌЕ БИДАТ ПОСТАВЕНИ КОНТЕЈНЕРИТЕ од 5м3:
1. Населба Варош – кај амфитеатар од спротивната страна на контејнерите
2. Населба Точила 2 – паркинг пазарче – кај контејнерите
3. Населба Тризла – кај џамијата , слободен простор дрвосечачи
4. Типска населба и згради кај поранешна зоолошката – покрај Дабнички канал
5. Населба Рид – ул,, 5- та Прилепска’’ – на крајот од улицата
6. Населба Рид – од спротивната страна на паркот кај Шиткачот
7. Населба Тапани- слободен простор пред паркот
8. Населба Димо Наредникот – паркинг, пред спортско игралиште
9. Ул,, Александар Македонски’’, паркинг пред фабрика 11 Октомври.
10. Населба Жабино мааало – слободен простор, одспротива на паркот.
11. Населба Бончејца – слободен простор помеѓу зградите
12. Центар – слободен неурбанизиран дел наспроти Палма шоп.
Дополнително поставен контејнер
13. Населба Ѓогдере – слободен простор помеѓу зградите
Граѓаните имаат можност да извршат чистење на непотребни предмети кои неможат да се подигнат со редовната линија за собирање на комунален отпад , но воедно се апелира контејнерите да не се злоупотребуваат од оние кои градат и кои имаат големи количини на градежен шут и отпад од градење.