Се укинува задолжителното поседување негативен ПЦР при излез од земјава-конечно и кај нас попуштаат со корона мерките
д-р Злате Мехмедовиќ-портпаролот на Комисијата за заразни болести, денеска на прес конференција истакна дека Комисијата за заразни болести донела заклучоци и предложила две мерки до министерот за здравство Беким Сали. Имено, станува збор за:
-Првата мерка е укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест, потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата
-Втората се однесува на бремените жени, односно укинување на ослободувањето од работа.
Мехмедовиќ исто така упати и препорака до бремените жени за вакцинација.