Денеска се одбележува Светскиот ден на дијабетесот
Денеска, Сојузот на здруженија на дијабетичари ќе го одбележи 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот под мотото „Соочени со предизвиците на дијабетесот во Македонија-дејствуваме пред да стане непоправливо“.
Немањето континуитет во достапноста на современа терапија, недостатокот од континуирана и структурна едукација како и немањето пристап до медицински помагала за мониторинг на гликемијата, се оние главни предизвици со кои се соочуваат пациентите кои се болни од дијабетесот.