Честит именден: Ангел, Ангелина, Миле, Мила, Михаил,Михаела.. Денеска е Собор на св. Архангел Михаил

Сподели го ова:





























Денеска е Собор на св. Архангел Михаил, а овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови.

Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска. Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит „За небесната хиерархија“. Исто така, битно е да се напомене дека постојат девет ангелски чинови: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими, богоносните Престоли, потоа Господствата, Силите, Властите, Начелата, Архангелите и Ангелите.




Сподели го ова:

Слични објави