Градоначалникот Јовчески и претседателот на Совет Дејан Проданоски, во посета на настанот организиран од страна на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп

Сподели го ова:























Денеска, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески заедно со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски, го посетија настанот во организација на Унијата на жени, на кој што на плоштадот Методија Андонов-Ченто се вршеше бесплатно мерење на шеќер во крвта.

По повод 14-ти ноември, Светскиот ден на дијабетесот им излеговме во пресрет на нашите сограѓани и со еден ваков хуман гест покажуваме дека грижата за здравјето на граѓаните за нас секогаш претставува приоритет. Како превенција во спречување или одложување на почетокот на дијабетес апелирам до сите наши сограѓани да одржуваат здрава телесна тежина, умерена физичка активност и намалување на внесот на шеќери и заситени масти. Нека е за многу години денешниот празник „Свети Кузман и Дамјан“, наречени Свети Бессребреници кои се сметаат за заштитници на лекарите, а воедно им го честитам празникот и на сите мои колеги доктори – истакна Јовчески.



Сподели го ова:

Слични објави