|

НАСКОРО! Вистински магичен детски спектакл во Прилеп

Сподели го ова:


Станува збор за уникатна детска музичка претстава каде Дедо Мраз не можејќи да најде подароци за сите дечиња ќе мора на помош да повика ВИСТИНСКИ МАГИОНИЧАР кој ќе претставува ВИСТИНСКА АТРАКЦИЈА ЗА МЛАДИТЕ ВО ПРИЛЕП. Во претставата е предвидено магионичарот преку магија да извади вистински зајачина, гулаби и многу други останати магични подароци кои не може да ги најде дедо Мраз. Сето тоа, ќе предизвика големо внимание кај најмладата публика за време на целата претстава. Магионичарот освен овие трикови ќе предизивика и други магични трикови заедно со Дедо Мраз. Во претставата исто така учествуваат Старата и Новата година која ќе ја повикаат децата да пристигне во салата. Претставата е пропратена и со музички песни кои специјално за децата ќе ги испеат Дедо Мраз и Новата Година. Учествуваат: Дедо Мраз, Новата година, Старата Година и вистински Магионичар. На крајот следува бесплатно сликање со Дедо Мраз, Магионичарот, белите зајачина и гулабите кои што ќе стојат на рамото на детските посетители, а на ваков начин детската публика ќе создаде уникатен новогодишен магичен детски спомен, спомен кој што долго ќе трае како еден драгоцен спомен од нивното детско. Како резултат на тоа што до сега станува збор за уникатна магична детска музичка претстава каква што не прикажана во нашата земја, претставата овој месец е поканета да гостува во повеќе градови во нашата земја, а честа ја има секако и градот Прилеп. За времето и местото на одржување, утревечер дополнително ќе Ве известиме. Бројот на картите ќе биде ограничен, согласно пропишаните протоколи од Министерството за здравство.





Сподели го ова:

Слични објави