Градоначалникот Коњановски го посети „Car Show – Битола 2026“

Сподели го ова:





























Како што објавивиме вчера, во Битола се одржа „Car Show – Битола 2026“, а настанот го посети градоначалникот Тони Коњановски.

“Исклучителна чест за мене беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, да им честитам на организаторите за нивното вложување во организацијата на целата програма, за тоа што прават настан од отворен карактер и како што рекоа организиран пред се за градот, посетителите и автомобилската заедница.

Манифестацијата е со меѓународен карактер.

Организаторите „Car Club Bitola“ овозможија влезот да е бесплатен за сите посетители, што привлече голем број гости.

Кажаа дека оваа година направиле напори да го зголемат капацитетот и на паркинг просторот пред спорстската сала „Боро Чурлевски“ да примат 180 возила во неколку категории, од егзотични и класични, па се до уникатно модифицирани автомобили во кои уживаа сите посетители.

Настанот оваа година имаше богата програма како за учесниците така и за посетителите, со многу натпревари, награди, забава, храна и пијалоци, изненадувања и многу друго.

Беа организирани пет натпревари, најдолго држење на бандаж, тимско влечење со јаже, брзо јадење на хот дог, трка на коли со туркање и „Car Limbo“.

Имаше и дополнителни активности организирани во соработка со други клубови, здруженија и партнери.

Како ланската така и оваа година беше организиран и дел за добротворни цели преку соработката со неколку здруженија од Битола за лица со пoпреченост” – истакна Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави