Општина Прилеп во финална фаза од подготовката на Планот за одржлива урбана мобилност (SUMP)

Сподели го ова:





























Во Општина Прилеп денеска се одржа јавна презентација и стручна консултација во рамки на проектот за изработка на План за одржлива урбана мобилност (SUMP), кој се реализира во соработка со Министерство за транспорт и врски, со финансиска поддршка од Светска банка.

Изработката на овој стратешки документ е во својата финална фаза и претставува значаен чекор кон воспоставување модерен, функционален и одржлив сообраќаен систем во Прилеп. Основната цел е подобрување на пристапноста, безбедноста и ефикасноста на сообраќајот, како и намалување на негативните влијанија врз животната средина.

На средбата присуствуваа претставници од Министерството за транспорт, од Министерство за внатрешни работи, од Јавно претпријатие за просторно и урбанистичко планирање Прилеп (ПУП Прилеп), како и членови на проектниот тим на општината, претставници на институции, организации и заинтересирани граѓани.

Во рамки на дискусијата беа разгледани тековните активности и следните чекори за финализирање на Планот, со посебен акцент на можностите за подобрување на интегрираниот систем на сообраќај во општината. Планот ќе се фокусира на реалните потреби за мобилност на граѓаните, институциите и компаниите во урбаното подрачје, при што ќе се применува транспарентен и партиципативен пристап.

Општина Прилеп и во наредниот период ќе продолжи со организирање јавни консултативни средби, со цел активно вклучување на сите засегнати страни во процесот на креирање и успешно спроведување на мерките предвидени со Планот за одржлива урбана мобилност.

Создаваме одржливи решенија за подобар, побезбеден и поефикасен сообраќај во интерес на сите граѓани.




Сподели го ова:

Слични објави