Таткото на градот, Нико Чонески, широко ги отвори вратите на Крушево за кинеската амбасадорка Н.Е. Џијанг Сјаојан

Сподели го ова:





























Денеска, крушевскиот градоначалник Нико Чонески оствари средба со Н.Е. Џијанг Сјаојан, амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија.

“На средбата разговаравме за можностите за продлабочување на соработката помеѓу нашата општина и пријателската Кина, особено во областа на економијата, туризмот, културата и образованието. Ја запознав амбасадорката со потенцијалите и развојните планови на Општина Крушево, како и со нашата подготвеност за воспоставување нови партнерства и иницијативи од заеднички интерес.

Убеден сум дека ваквите средби претставуваат значаен чекор кон зајакнување на меѓусебната соработка и отворање нови можности за локален развој. Општина Крушево останува отворена за соработка со сите меѓународни партнери кои сакаат да придонесат за напредокот и благосостојбата на нашите граѓани” – порача Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави