Општина Прилеп од општинскиот буџет одвои 1.200 000 денари за социјално ранливи категории на граѓани и за граѓани кои по разни основи имаат потреба од финансиска помош
Од Општинскиот буџет, одвоивме 1.200 000 денари за социјално ранливи категории на граѓани и за граѓани кои по разни основи имаат потреба од финансиска помош: за лекување, за егзистенција, за набавка на лекови и слично.
Годинава заедно со Советот на Општина Прилеп преку Комисијата за финансирање и буџет, доделивме еднократна финансиска помош и им помогнавме на повеќе од 200 семејства, со различна висина на средства, во зависност од барањата и можностите.
Се грижиме за сите наши сограѓани!
Посветени за Прилеп – истакана прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.