ОПАСНА МЛАДИНА: Го повредил со нож, па пукал во него
СВР Скопје – Единица за насилен криминал по брза постапка поднесе кривична пријава против Б.И.(24) од с.Буковиќ, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „насилство“ по член 386 и „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Тој се сомничи дека во атарот на село Семениште – скопско, на 21.09.2023 со нож му нанел повреди на А.С.(23) од с.Сарај, по што од пиштол испукал неколку пати кон него, но за среќа не го погодил.
По преземени мерки, во текот на вчерашниот ден тој бил лишен од слобода.