УЖАСНА ГЛЕТКА! СЕ ЗАПАЛИ АВТОМОБИЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП!
Денеска околу 14:30 часот додека нашата информативна екипа беше на терен во центарот на градот, забележа како гори пламен од возило марка “Мерцедес” – кое беше паркирано на паркингот наспроти општинската зграда во Прилеп.
На местото на настанот веднаш пристигна возило на Територијалната противпожарна единица, при што пожарникарите заедно со вработени од општинска зграда, интервенираа на опожареното возило.
За среќа при појавата на пожарот, во возилото немало никакви патници.