Денеска и утре двочасовен прекин на работата ќе имаат вработените во управата и правосудството

Сподели го ова:























Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е image-9.png


Денеска и утре со двочасовен прекин на работата ќе имаат вработените во управата и правосудството. Прекинот во овие два дена ќе биде од 10 до 12 часот, а основна причина за овие два прекина се барањето за линеарно зголемување на останатите плати за 2.806 денари и барањата за исплата на минимална плата. Поддршка за денешниот штрајк изразен преку прекин на работа од два часа, се има добиено и од Сојузот на синдикати на Македонија. Како што се истакнува од Синдикатот на управата, правосудството и здруженијата на граѓани денес и утре ќе се протестираат само во оние институции каде имаат синдикални организации, како што се фондови, министерства, агенции, судови и управи.



Сподели го ова:

Слични објави