Охрид се подготвува за Водици – најмасовната културно-верска манифестација посветена на големиот христијански празник Богојавление

Сподели го ова:
























Најмасовната културно-верска манифестација посветена на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и оваа година ќе биде организирана на највисоко ниво, како што му доликува на еден духовен и туристички центар.

Во согласност со востановената традиција, Богојавленските чествуавања ќе бидат составени од два дела. Првиот дел е црковниот дел, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот е граѓански дел што го координира Општина Охрид и се однесува на целокупната празнична програма.

На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро, а точно во 10 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Во сите парохиски цркви во Охрид веќе е започнато пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од настанот. До сега покрај бројните охриѓани, своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Македонија.

По чинот на Богојавленскиот водосвет, околу пладне на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Некст Тајм“.

Истиот ден во 12 часот на месноста Сараиште ќе биде организирано групно крштевање во Охридското Езеро, а сите заинтересирани ќе може да се пријават во црквата „Свети Никола Геракомија“. Во Центарот за култура „Григор Прличев“, во организација на Црвен Крст од 9 до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција.

Како дел од подготвителните активности и логистиката на настанот, во четврток на 18-ти јануари охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро, на просторот каде ќе се одржува фрлањето на Светиот крст. Исто така, предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на езерото, соодветно украсување на градот со зеленило и верски знамиња, како и низа значајни активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.

Прославата за Водици во Охрид, продолжуваат на 20-ти јануари со уникатната манифесатција Денот на рибарите во чест на празникот Свети Јован Крстител. Традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и истата ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини. Оваа година ќе биде послужена и храна која е карактеристична за трпезите на овој празник.




Сподели го ова:

Слични објави