Од денеска, па се до четврток периодично е затворена за сообраќај делницата Велес – Градско
Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, од денеска ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот, информираат од Авто-Мото Сојуз на Македонија (АМСМ).
Од утре до четврток делницата ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 до 16:00 часот.