Огромна поддршка за Проданоски на вечерашниот мини митинг во Точила
„Мини“ митинг во Точила, со душа и сила што не се опишува, само се доживува! Енергија, срце и единство, многу насмевки, поддршка и верба во нашата иднина! Тоа е најголемата награда за сета работа и посветеност. Прилеп уште еднаш покажа дека знае да направи разлика, дека кога сме сплотени, ништо не нè запира!
Ова не е само кампања, ова се луѓе што сакаат подобар, посилен и поубав Прилеп.
Со визија, со дела, со љубов за градот!
Благодарност за секој еден од вас и за вашата посветеност!
Прилеп победува, затоа што Прилеп го знае вистинскиот избор, за своето место, за нашата иднина! -порача Проданоски на вечерашниот мини митинг во Точила.
















