ПРОДАНОСКИ: Слободен јавен градски превоз за 5000 пензионери, како и стипендии за најдобрите ученици и учениците од социјален ризик
Општина Прилеп не ги заборава прилепските пензионери. Во време кога пензионерите од Владата бараат зголемување на нивните пензии, Општина Прилеп им излегува во пресрет при што за 5000 пензионери од Прилеп кои имаат минимална пензија, ќе користат слободен јавен градски превоз.
Исто така Општина Прилеп во пресрет им излегува и на учениците, при што ќе бидат доделени 10 стипендии на најдобрите ученици, како и 10 стипендии за учениците од социјален ризик со ниски примања во семејството за студирање на Економски Факултет во Прилеп.
Овие прекрасни вести за прилепчани, ги соопшти Претседателот на Совет Дејан Проданоски.

“