Објавени добитниците на награди и признанија по повод „3-ти Ноември“
Денес на пресконференција одржана од Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, беше презентирана Одлуката за доделување на награди и признанија по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп.
Награда за животно дело, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на:
• Академик д-р Валентин Мирчески- особен придонес во природно-математички и биотехнички науки
• Примариус специјалист д-р Благоја Дамески- особен придонес во медицината и општественото живеење
• Диме Попоски- особен придонес во музиката, режијата и филмот
Награди -плакети по повод „3-ти Ноември“ -Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:
• The Hounds – петнаесетгодишен развој на субкултурата во Македонија
• GENTHERM – општествено одговорна компанија
• Младинска екипа на ФК Победа – афирмација на спортот во Европа
• Територијална противпожарна единица Прилеп – надчовечки напори за заштита на населението и околината
• Технобен Нова Прилеп – развивање на современи трендови во индустријата
• Слаткарница ,,Шар”- 60 години јубилеј
• ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски Прилеп – хуманитарно работење во својата дејност
• Група верни пријатели на манастирот Трескавец – помагање и одржување на духовната врска
• Пчеларско здружение ,,Братство” – 70 години јубилеј
Награди -дипломи по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:
• Петар Мирчески – бронзен медал на хемиска олимпијада
• Наде Караџоска – истражувачка дејност во сите области на библиотекарството
• Теодора Димеска – женски репрезентативец на Македонија во џудо
• Татјана Иваноска – посветено работење со млади уметници
• Хари Сековски – хуманитарец од дијаспората
• Елизабета Настеска – совесно работење во службата
Централната манифестација и доделувањето на наградите ќе се одржи на 3 ноември во Центарот за култура Марко Цепенков, во Прилеп.