КОНЕЧНО УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА ВО ПРИЛЕП СЕ ПУШТА ВО УПОТРЕБА, МЕЃУТОА СО НОВА НАМЕНА? Се претвора ли салата во атрактивен зелен парк??
Универзалната сала во Прилеп, не смее да остани заклучена и празна. Ваквиот проблем треба што поскоро да се реши. Тоа е желбата на голем број прилепчани. Меѓутоа, од она што го забележа информативниот тим на СТАНИЦА.МК, најверојатно универзалната сала во Прилеп ќе добие нова намена и ќе се претвори во т.н. атрактивен зелен парк. Зошто атрактивен?? Бидејќи на покривот расте голема трева, која што целосно го нагрдува ликот на универзалната сала – местото каде што до пред да се затвори, голем број на наши сограѓани го остваруваа својот спортски сон.
Колку за потсетување, оваа година се покрена и една иницијатива за повторно пуштање на универзалната сала во Прилеп, меѓутоа од надлежните институции засега нема резултат.
Спортските работници од нашиот град, клубовите, поранешни и сегашни спортисти, здруженијата како и Сојузот на училишни спортови, во февруари оваа година остварија и еден состанок со прилепскиот градоначалник кој што ја поддржа петицијата, со која до ЈП АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор и преку медијаторство на Агенцијата за млади и спорт, се бараше да се реши техничкиот проблем, и на било каков начин да се стави во функција Универзалната сала во Прилеп.
На ред се надлежните државни институции конечно да го решат овој спортски проблем со кој се соочуваат прилепчани.