Одбележан патрониот празник на бакалскиот еснаф од Прилеп
Денеска, во прилепска “Стара Црква” преку Света Архиерејска литургија за Светите Три Светители, беше одбележан патрониот празник на Бакалскиот еснаф од Прилеп, а со самото тоа беше одбележан денешниот голем, христијански празник Светите Три Светители.
Денеска е празникот посветен на трите светители: Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Овие светители имаат секој свој посебен ден на празнување. Но овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј Комнен.