ГАЛЕРИЈА НА СЛИКИ: Вечерва, прилепските храмови беа преполни со христијански верници

Сподели го ова:


























Имено вечерва, како и секоја година на Велики Петок, во прилепските православни христијански храмови се извршуваше обредот на симболичното погребување на Исус Христос, а сето ова се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб, а поминувајќи под Плаштеницата, прилепските верници сочувствуваат со распнатиот Исус Христос. Денеска е најтажниот ден во годината. На Велики Петок, уште од рано утрината секоја година прилепските христијански верници, одат во црквите каде е поставено „Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат на нашиот спасител, и ги целиваат неговите рани на рацете и нозете. Во прилог, погледнете ја галеријата на слики од вечерната служба во прилепските христијански-црковни храмови.




Сподели го ова:

Слични објави