Од утре нови зголемени цени на горивата

Сподели го ова:
















Five pump dispenser at a petrol station. Fuel, diesel, gas for car and truck. Refueling cars at pump fuel station. Automobile industry concept. Gasoline pump for refilling. Fuel station for refueling.

Регулаторната Комисија за енергетика донесе Одлука со која што ќе имаме ново зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, а зголемувањето ќе биде во просек за 2,22% во однос на претходната одлука која што беше донесена на 25.03.2022 година.  Врз основа на новата одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,50 денари по литар, па како резултат на ова малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83,50 денари за еден литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 85,50 ден/литар, додека пак малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 87,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 3,00 ден/лит, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,140 ден/кг







Сподели го ова:

Слични објави