Од рубриката “пали – гаси”: Општина Прилеп ќе набавува ново противпожарно возило
Oпштина Прилеп веќе има објавено оглас за набавка на едно противпожарно возило кое ќе биде наменето за потребите на Територијалната противпожарна единица – Прилеп.
Оние економски оператори кај кои постои интерес за учество, можат да ги испратат своите понуди до 22.08.2025 – еден од условите е возилото да биде со година на производство минимум од 2021 година.

За набавката на возилото се предвидени околу 115.000 евра.


















