Во прилепскиот затвор веќе втор ден е пејачот Ламбе Алабакоски

Во прилепскиот затвор веќе втор ден е пејачот Ламбе Алабакоски. Вчера во Битола беше организиран голем протест за негово ослободување, каде што присуствуваа голем број на негови сограѓани, фанови, пријатели и поддржувачи. Колку за потсетување, Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против Алабакоски за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.Како што беше истакнато од страна на обвинителството, постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил. Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Вчера, Мицкоски побра ослободување на Алабаковски, додавајќи дека тоа е реакција на сите погрешни политики на владата изминатите години, потенцирајќи дека ниту претходно кога се уништувал државен имот од страна на Шарената револуција, ниту пак сега не прифаќа насилство.
Мојата порака е до оние кои што пред само неколку години како припадници на една револуција уништуваа државен имот, бојадисуваа државен имот, палеа канцеларија на претседател на држава, да ги ослободат судиите и обвинителите да донесат пресуда согласно правдата, да го ослободат Ламбе, да помине со укор, иако морам да признам ниту тогаш ниту сега насилството не го прифаќам како начин на решавање на проблемите. Но, ова е реакција на сите овие погрешни политики изминатите години и затоа барам слобода за Ламбе, да го ослободат човекот и да се свртат сами кон себе, да ги видат своите грешки за ова да не стане масовна појава во Македонија, бидејќи народот е револтиран правдината да ја земе сам во свои раце, изјави Мицкоски.