Убава вечер на староградска песна синоќа во Прилеп
Убава вечер на староградска песна насловена “Звуците на градот” се одржа синоќа на платото пред НУЦК Марко Цепенков-Прилеп.

Станува збор за манифестација која традиционално се организара во Прилеп, а на која прилепските групи кои ја негуваат староградската музика се претставија во убаво издание.
Женската пејачка група “Преродба”, пејачката група “Орхидеја”, КУД “Пере Тошев”, Октетот Прилеп и КУД “Пензионери”, ја расположија, ја разиграа публиката, во која имаше и присутни и од странство.
Извонредна вечер за музичко уживање.
















