Во Прилеп, со поддршка од Авто Контрол беше одбележан Денот на сообраќајната култура

Сподели го ова:





























Денес во Прилеп беше одбележан Денот на сообраќајната култура, посветен на подигнување на свеста и одговорноста кај сите учесници во сообраќајот.

Во рамките на активностите, организирани од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот – Прилеп, со поддршка од Авто Контрол, учениците од сообраќајната струка при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и Министерството за внатрешни работи, беше испратена силна порака за поголема безбедност на патиштата.

“Како компанија која секојдневно се грижи за безбедноста во сообраќајот, Авто Контрол со гордост се вклучува и поддржува вакви едукативни активности, со цел создавање поголема сообраќајна култура и побезбедна средина за сите граѓани” – порачуваат од Авто Контрол-Прилеп.

Оваа година акцентот беше ставен на безбедноста на мотоциклистите и важноста од носење заштитна кацига.

✔️ Почитувај ги сообраќајните правила

✔️ Намали брзина

✔️ Биди внимателен и одговорен

✔️ Носи кацига – вози безбедно

👉 Заедно можеме да создадеме побезбеден сообраќај за сите.




Сподели го ова:

Слични објави