Колку прилепчани се свесни за пречките со кои секојдневно се соочуваат луѓето со аутизам?
И годинава, го одбележуваме 2-ри Април, Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам. Овој ден има за цел да стави акцент на пречките со кои се соочуваат секојдневно луѓето со аутизам и другите кои живеат со лица со аутизам, а исто така се прославуваат уникатните вредности на истите. Колку прилепчани се свесни за пречките со кои секојдневно се соочуваат луѓето со аутизам?
Најновите светски трендови во третман на деца со потешкотии во развојот, односно деца со аутистичен спектар на нарушувања, бараат од нас приспособување на условите во средините, со цел подобрување на способностите на детето да се насочува кон задачите, да изведува координирани моторни активности, да планира нови задачи, да развива социјални релации, да извршува задачи поврзани со грижата за себе, да учествува во семејните активности и сл. На овој Меѓународен ден порачуваме дека различностите не поврзуваат и дека општеството можеме да го направиме за сите.