|

Обезбедена е донација на опрема за младите спортисти од младинската фудбалска школа на ФК „Победа“

Сподели го ова:























Во соработка со Австралиско – Македонското друштво – Методија Андонов Ченто – Сиднеј, Австралија, обезбедивме донација на опрема за младите спортисти од младинската фудбалска школа на ФК „Победа“.

Опремата вклучува – дресови, шушкавци, топки, степери, мрежи, скали за вежбање, фитнес топки, ролери, ластици, јажиња, мрежи за топки, тркала за вежбање и др.

Соработката помеѓу Општина Прилеп и Австралиско – Македонското друштво Методија Андонов Ченто – Сиднеј трае повеќе од една година преку советникот за млади Гоце Бумбароски и ова е нивна трета донација.

Претходно во 2022 година ова друштво донираше опрема за основните училишта во општина Прилеп (печатари, телевизори, топки, тримери за трева, поликолор, нагледни средства за ученици со посебни образовни потреби), и околу 500 фудбалски дресови за нашите најмлади жители.



Сподели го ова:

Слични објави