Прилепската публика ќе ужива во настан за паметење! MTV The Greatest Hits Volume во НУЦК Марко Цепенков

Сподели го ова:





























За сите љубители на забавната музика, особено оние кои ги преферираат ретро музичките хитови, НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп нуди уникатна можност за уживање во најпопуларните песни од MTV кои ги одбележаа ’80-те и ’90-те години од минатиот век, овој пат во автентичен аранжман и изведба на Битолскиот камерен оркестар.

Публиката ќе има привилегија да се забавува на звуците и најпознатите рефрени од златната доба на поп-музиката, во нови аранжмани на оркестарот придружен од врвни вокали и бенд.

Влезници за концертот можат да се набават секој работен ден од 10-13 часот и од 18-20 часот, во сабота од 11-14 часот, од билетарата на НУЦК „Марко Цепенков“ по цена од 400 денари.

Проектот MTV The Greatest Hits 80s & 90s на Битолскиот камерен оркестар доживеа одличен успех со концерти во градови ширум цела Македонија, но и надвор од нејзините граници. Главната движечка идеја и мисија на овој музички концепт е приближување на музичката класика и популарната култура, а со тоа и издигнување на македонската музичка сцена и култура на едно повисоко ниво на квалитет. 




Сподели го ова:

Слични објави