Проданоски: ВМРО-ДПМНЕ за само една година направи десет пати повеќе отколку претходните влади на социјалдемократите

Сподели го ова:





























Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски од собраниската говорница каде предмет на расправа е ребалансот на Буџетот, истакна дека изминатите години се случи најголемиот грабеж што можеше да и се случи на нашата држава, додека денес – по точно една година, тие рани од грабежот кој го направи СДСМ и дел од луѓето што седат тука во оваа сала од опозицијата, се залечуваат со домаќинско работење.

“Помина точно една година, од формирањето на оваа Влада пред водена од ВМРО-ДПМНЕ и една работа е потполно сигурна. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за само една година на економски, финансиски и развоен план направи десет пати повеќе отколку претходните влади на социјалдемократите… Нам, пак, пратениците ни е најважно да се спроведува програмата која чекори по патот на економски развој и напредок и, притоа, придонесува за развој и значително подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Секој Буџет или ребаланс на претходните влади на Социјалдемократскиот сојуз го коментирале, буквално сите, бидејќи знаеле дека се не развојни и упропастувачки за македонската економија и македонскиот народ. А, од друга страна, дека тие пари завршуваа во џебовите на десетина луѓе од СДСМ… Денес ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно и транспарентно и без скандали. За пензионерите се покачуваат пензиите, за земјоделците се исплаќаат субвенции и се развива секторот. За здравствените работници се обезбедуваат, максимално, најдобри услови, за младите се спроведува стратегија, за тие, својата иднина да ја градат тука. Се обезбедуваат услови за отпочнување сопствени бизниси, се обезбедуваат услови за младите од руралните средини. За образованието се обезбедуваат максимални услови, веќе не фалат книги по неколку месеци и секое дете има еднаков третман“ – истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски од собраниската говорница.




Сподели го ова:

Слични објави