НОВО БЕГСТВО ОД ЗАТВОР: Затвореник осуден за измама, ги измамил стражарите и избегал
Затворениците бегаат од нашите затвори – тоа не е спорно. Јас сваќам додека си средношколец да избегаш од час – ако немаш научено, меѓутоа да избегаш од затвор каде човек е зад решетки, и под постојан надзор од полиција и камери, е тоа никако не можам да го разберам. Имено, денес во првите наши објави “ја начнавме” темата до каде е постапката со затвореникот кој избега од прилепскиот затвор во 2021 година, и дали некој од вработените од затворот сноси одговорност за тоа што така лесно им избега затвореник?? Само што ја отворивме оваа тема, еве денес нови информации за ново побегнато лице од македонските затвори.
Станува збор за затвореник кој избегал од затворот во Скопје, и истиот бил осуден осум месеци за кривичното дело измама. Меѓутоа, само што влегол во затвор, по две недели избегал, при што по него на 16.01.2023 година распишана е централна потерница за бегство од затвор, за издржување казна во траење од 7 месеци и 15 дена.