Позитивни коментари не стивнуваат! Андријана Јаневска со својот глас ги маѓепса прилепчани

Сподели го ова:


























Со звуци на надеж и хармонија, вчера вечерта прилепчани имаа чест да уживаат во хуманитарниот концерт “Од векови за векови”, посветен на доизградбата на нашето духовно светилиште, архитектонскиот бисер, храмот Св. Петка во нас. Точила.

Концертот се одржа на платото пред храмот, а на истиот настапија мултиинструменталистот проф. д-р Драган Даутовски, заедно со маестралниот перкусионист Ратко Даутоски и познатата вокална дива и македонски славеј, проф. д-р Андријана Јаневска.

Вчерашниот хуманитарен концерт посветен на доизградбата на духовното светилиште, архитектонскиот бисер, храмот Св. Петка во нас. Точила, Прилеп, за мене беше еден од најинспиративните концерти во мојата досегашна кариера. Огромна благодарност до Отец Љупче Петрески за поканата и беспрекорната организација, како и до моите колеги Драган и Ратко Даутовски кои со виртуозноста на своите инструменти придонесоа концертот да звучи маестрално и светски. Им благодарам на сите кои дојдоа и донираа средства за доизградба на оваа црква” – истакна Андријана Јаневска.




Сподели го ова:

Слични објави