Пристигна есента, а со тоа ќе пристигнат и зголемените сметки за струја


Есента пристигна…Нејзиното официјално доаѓање беше вчера во ноќта меѓу 22 и 23 септември, во 3:03 часот по средноевропско време. Ова годишно време ќе трае се до 21 декември во 22:48 часот, кога и официјално ќе започне зимата. Првиот есенски ден утрово го најави и денешното студено утро, каде температурата во Прилеп изнесуваше 5 степени.
Пристигна есента, а со тоа ќе пристигнат и зголемените сметки за струја, па како резултат на тоа, поголемиот дел од нашите сограѓани се прашуваат како ќе ја поминат зимата, и дали (како што се зборува во јавноста) цената на струјата драстично ќе се зголеми.


















