Новиот директор на прилепски комуналец Абрашоски веднаш се зафати со работа

Сподели го ова:
















Абрашоски само што дојде на местото Директор на прилепски Комуналец и веднаш се зафати со работа. Иако депонијата под касарна на крајот од куќите се чисти редовно, овој празен простор постојано се затрупува со разноразен отпад. Стари алишта, градежен материјал, биоразградлив градинарски отпад, отпад од домаќинство, и што ли уште не, чистеа денеска комуналците од дивата депонија под касарната.И покрај апелите од комуналците, загадувањето и нагрдувањето на животната средина никако да престане. Уште еднаш да информираме дека комуналниот отпад во било која количина, доколку е правилно спакуван во вреќи, го собира ,,Комуналец,, со редовната неделна линија. Секој четврток пак, бесплатно од домовите се собира габаритен отпад со најава на телефон 048/428 992. За градежниот шут и отпадот од градење се користат контејнери од 5м3 и трактор со приколка од 3 м3.Со вака организираниот начин на собирање, транспортирање и депонирање на отпадот, сиот отпад, освен селектираниот, треба да заврши во депонијата Алинци, а не во околината на Прилеп.Доколку дозволат временските услови, комуналците ќе продолжат со чистење на дивите депонии редоследно, по проценка на приоритет и ризик од стручните служби.







Сподели го ова:

Слични објави