Ќе се воведува затворска казна за цензура врз новинар
Се предлагаат измени во Кривичниот законик, со кои што се воведува затворска казна за цензура врз новинар. Според измените, ќе се одговара за загрозување на безбедноста на медиумските работници, за спречување на вршење на должност, а за повреда на слободата на мислење и изразување, судот ќе поседува такво право со кое ќе може да определи казна затвор во вкупно времетраење од 6 месеци, па се до 5 години.
ЗНМ го поздравува секој обид за унапредување на правата и слободите на медиумските работници, меѓутоа сепак кај ова здружение постои сомнеж во стручноста и капацитетот на судовите при целосно решавање на конфликтите кои се од ваква природа. Утре е последен ден за сите заинтересирани да дадат сопствено мислење во однос на предложените измени за Кривичниот законик, кој што е објавен на ЕНЕР.