Нови 20 заболени прилепчани од Ковид 19 врз основа на последните податоци од Министерството за здравство

Сподели го ова:




Во последните 24 часа направени се 4.151 тестирањe, а регистрирани се 482 нови случаи на КОВИД-19, од кои 20 се од Прилеп. Според последните објавени податоци за само 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Куманово (89г,85г,71г,71г,58г и 52г), 4 починати лица од Прилеп (85г,77г,68г и 61г) и по едно починато лице од Кавадарци (69г) и Велес (62г). Од пријавени лица 11 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 12.10.2021 до 23.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Битола и едно лице од Крива Паланка, на возраст од 81 до 41 години. Од пријавени лица, тројца се починати во домашни услови,а две лица се починати во болнички услови.Регистрирани сe 280 оздравени пациент, од кои само 5 се од Прилеп.





Сподели го ова:

Слични објави