Премиерот Мицкоски во Битола ја посети клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ и реконструираните одделенија

Сподели го ова:





























Денеска премиерот Христијан Мицкоски ја посети клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, каде што извршиви увид на реконструираните одделенија и набавената нова медицинска опрема.

“Како Влада оваа година рекордно издвојуваме повеќе од 1 милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги. Морам да признаам дека сè што можеме да направиме од страна на Владата во периодот што помина и тој што следи ќе го направиме.

Ова е само почеток, целта ни е целосно би рекол реновирање. Одиме чекор по чекор до екипирање и од човечки капацитет, но и од оној другиот преку опрема, апаратура неопходни за да се дадат здравствените услуги на граѓаните, она што им е потребно. Досега успеавме дел од тоа што недостасуваше да го обезбедиме, но и отсега со несмалена динамика ќе продолжиме во таа насока” – истакна Мицкоски.




Сподели го ова:

Слични објави