Граѓаните со скара и дружба во природа го прославуваат денешниот празник на трудот 1-ви мај
Денеска е први Мај – меѓународниот ден на трудот, кој е интернационален симбол на работничкото движење. Граѓаните со скара и дружба во природа го прославуваат денешниот празник на трудот.
Само она што е создадено со сопствен труд е бесценето. Работникот е нераскинлива алка во општествените и стопански текови. Секогаш бидете горди и посветени на она што го работите, бидејќи трудот и посветеноста се најголеми вредности и двигатели на иднината.


















