Нова противпожарна станица за Битола со поддршка на САД
Денес, битолскиот градоначалник Коњановски заедно со секретарот на општина Битола Борче Димитровски, претседателот на советот на општина Битола Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР Венцо Шишкин беа во посета на новата против пожарна станица во АРМ.
Сакам да соопштам голема вест за нашиот град благодарение на донацијата во износ од $1,093,017,00, долари обезбедена преку Инженериската команда на морнаричките сили на САД (NAVFAC), Битола ќе добие нова, современа противпожарна станица. Ова е проект од огромно значење за безбедноста на нашите граѓани и подобрување на условите за работа на нашите пожарникари. На утрешната вонредна седница на Советот на Општина Битола, очекувам едногласна поддршка од сите советници, бидејќи ова е проект што е над политиката проект во интерес на сите битолчани. За посигурна, побезбедна и помодерна Битола! – порача Коњановски.
















