Црквата св. Димитрија во Варош утрово претесна за да ги собере сите верници за Митровден

Сподели го ова:


























Црквата Св. Димитрија во Варош е една од највпечатливите црковни градби, и истата се одликува со завидни архитектонски, историски и културни вредности.

Црквата е посветена на светиот великомаченик Димитрија, па врз основа на тоа, вчера и денеска е црковната слава на овој прекрасен прилепски храм, кој уште од рано утрово “врие од верници”.

Утрово, голем број на прилепчани пристигнаа во храмот за да присуствуваат на божествената литургија, а воедно во црквата си запалија свеќа за свое, но и за здравјето на своите најблиски, бидејќи верата е оној единствен патоказ по кој треба да се движиме. 

За многу години и на помош нека ни е големиот христијански празник Митровден!




Сподели го ова:

Слични објави