Прилепчанец вработен во ЈП Македонски шуми ја оштетил фирмата за 310.214 денари

Сподели го ова:


























СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, вработен во ЈП „Национални шуми“, во атар на општина Македонски Брод, несовесно постапувал во своите должности и овластувања, при што дозволил техничко буково дрво нелегално да биде изнесено од шумата, а на пописна листа било внесено во 2021 година и се пренесувало во 2022, 2023 и 2024 година.

На тој начин, пријавениот причинил материјална штета на ЈП „Национални шуми“ за вкупна сума од 310.214 денари – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави