НАСТАН ЗА ПАМЕТЕЊЕ! Вчера, “Најдоброто од Прилеп” – ги обедини сите прилепчанчиња

Сподели го ова:






























Вчера вечерта во големата сала во НУЦК Mарко Цепенков во Прилеп, со почеток од 17:30 и 19:30 часот се одржа детската манифестација “НАЈДОБРОТО ОД ПРИЛЕП”, одлична манифестација на која учествуваа околу 500 учесници од Прилеп на возраст од 4 до 10 години.

Колку за потсетување, цели две недели пред настанот, од страна на организаторот имаше објавено повик за пријавување / учество на оваа манифестација.

Песни, театар, игри, балет, пеење во живо и што ли уште не, вчера можеше да се види на сцената во Марко Цепенков. Публиката уживаше во сите точки, и ги подреше нашите најмили со огромни аплаузи.

Задоволни родители, и уште позадоволни детски срца, беше вчерашната слика од оваа детска манифестација, меѓутоа и покрај се, едно е сигурно, а тоа е дека вчера вечерта во Прилеп уживаше и “младо и старо”, и имаше една обострана, меѓусебна, взаемна енергија која преовладуваше на голема сцена во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп.

Слики од сите точки од вчерашните две изданија од Најдоброто од Прилеп, очекувајте во посебната специјална објава од СТАНИЦА.МК наредниве денови




Сподели го ова:

Слични објави